Realme се подготвува да го претстави GT3 на MWC 2023 конгресот во Барселона на крајот на месецот, а сега на својот канал на YouTube објави како во пракса изгледа неговото брзо полнење од 240 вати
Realme неодамна го претстави GT Neo 5, паметен телефон со најбрзо полнење во светот. Истата технологија за полнење од 240 вати ќе пристигне и во нејзината глобална верзија – GT3, која ќе биде прикажана на 28 февруари на Мобилниот конгрес во Барселона.
За да ја „загрее“ публиката, Realme на својот официјален канал на YouTube објави како во пракса изгледа најбрзото полнење на некој смартфон во светот.
Имено, како што е прикажано на видеото, батеријата со капацитет од 4.600 mAh достигнува 20 проценти за само 80 секунди, а до половина се полни за четири минути. На Realme GT3 му се потребни точно 9 минути и 30 секунди за целосно полнење.
Бидејќи GT Neo 5 пристигнува и во верзија од 150 вати со капацитет на батерија од 5.000 mAh, се очекува истото да биде случај и со претстојниот модел GT3. Повеќе информации ќе бидат познати на крајот на месецот.