Според податоците на компанијата за анализа на пазарот – Omdia, Samsung минатата година повторно беше лидер на глобалниот пазар на телевизори, што значи дека на лидерското место останува 17-та година едноподруго. Според компанијата Samsung, ова се должи на нејзината посветеност на премиум искуство за гледање и дизајн фокусиран на корисникот.
Компанијата вели дека успеала да продаде 9,65 милиони модели QLED и Neo QLED минатата година, со што вкупниоѕт број достигнал 35 милиони од дебито на технологијата во 2017 година. Корејците доминираа и на пазарот на ултраголеми телевизори во 2022 година со 36,1% и 42,9% удел за модели над 75 и над 80 инчи. За премиум моделите со цена над 2.500 долари, компанијата држи 48,6 проценти од пазарот.