Рускиот вселенски товарен брод „Прогрес МС-21“, кој беше откачен од Меѓународната вселенска станица и потона во Пацификот, најверојатно е оштетен од надворешен удар, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос на 21 февруари.
„Ваквите заклучоци се направени врз основа на слики кои покажуваат промени на надворешната површина на бродот“, соопшти Роскосмос на платформата Телеграм.
Роскосмос објави фотографија на која се покажува дупка од околу 12 милиметри во радијаторот на системот за термичка контрола. Агенцијата вели дека и соларните панели биле оштетени.
Роскосмос на 11 февруари извести за губење на притисок во бродот.
Истрагите за инцидентот го одложија лансирањето на леталото за враќање на двајца руски и еден американски космонаути од вселенската станица.
Лансирањето на хуманитарниот брод „Сојуз МС-23“ ќе се случи на 24 февруари, а приклучувањето кон Вселенската станица е планирано за 26 февруари, соопшти Роскосмос во вторникот.