Четбот за вештачка интелигенција (AI) на Microsoft, Bing доби значaјно внимание минатата недела, но не на позитивен начин. Имаше доста контроверзни разговори со корисници кои имаат тест пристап до него.
Комуникацијата вклучуваше закани, преправање дека AI четботот е вљубен и обид да убеди новинар дека е несреќен во бракот. Ова го поттикна Microsoft да наметне одредени ограничувања на својот бот, кој како што се испостави, очигледно е сè уште во фаза на тестирање.
Се работи за тоа колку долго може да одговори на дадена тема и да отфрли некои прашања. Така, на пример, тој може да одговори дека претпочита да не зборува за некоја тема или да бара промена на темата по пет барања на корисници на неа.
Како решението на Google – Bard, Bing понекогаш обезбедува неточни податоци за пребарување. Дефинитивно има простор за подобрување во оваа област, а допрва треба да видиме како еволуира состојбата на чет-ботовите со вештачка интелигенција.