Вселенскиот телескоп James Webb сними шест масивни, древни галаксии, кои астрономите ги нарекуваат „разбивачи на универзумот“, бидејќи нивното постоење би можело да ги поништи сегашните теории за космосот.
Галаксиите датираат од времето кога универзумот бил само три проценти од неговата сегашна возраст и се далеку поголеми отколку што претходно се мислело дека е можно за галаксиите толку рано по големата експлозија. Доколку се потврдат, наодите ќе го оспорат разбирањето на научниците за тоа како настанале најраните галаксии.
Џоел Леја, доцент по астрономија и астрофизика на Универзитетот Пен Стејт и коавтор на студијата вели дека овие објекти се многу помасивни отколку што некој очекуваше.
„Очекувавме да најдеме само мали, млади галаксии во овој момент, но откривме галаксии големи како оваа во која се наоѓаме“, рече Леја.
Ова нема да бидат најстарите галаксии забележани од James Webb, а лансирани во декември 2021 година. Минатата година, научниците забележаа четири галаксии кои датираат околу 350 милиони години по големата експлозија, но тие беа многу помали.
Пресметките сугерираат дека најновите галаксии имале маса од десетици до стотици милијарди ѕвезди со големина на Сонцето, што ги става на исто ниво со Млечниот Пат.