Samsung ја претстави Galaxy S23 серијата на почетокот на месецот на настанот Galaxy Unpacked во Сан Франциско. Во деновите пред претставувањето на новите уреди се шпекулираше дека јужнокорејската компанија на истиот настан би можела да го претстави и Galaxy S23 FE, но тоа сепак не се случи. Овој смартфон најверојатно ќе пристигне во вториот квартал на оваа година, а денеска ги добиаме првите детали за спецификациите на уредот.
Samsung Galaxy S23 FE всушност ќе пристигне како наследник на Galaxy S21 FE моделот, бидејќи S22 FE не беше претставен. Според најновите информации, претстојниот Galaxy S23 FE ќе го покренува Snapdragon 8+ Gen 1 чипот на Qualcomm. Ова на некој начин е и очекувано, со оглед на тоа што не беше реално да се замисли дека FE, кој ќе пристигне со пониска цена од Galaxy S23, ќе пристигне со истиот чип. Snapdragon 8+ Gen 1 е доста способен чип, така што потенцијалните купувачи на овој телефон не треба многу да бидат загрижени.
Дополнително, се пренесува дека телефонот ќе пристигне со Super AMOLED екран со брзина на освежување од 120 Hz. За жал, други детали за смартфонот засега се непознати, но се очекува оваа информација да ја дознаеме во блиска иднина.
FE или Fan Edition, се поприфатливи верзии на телефоните на Samsung од Galaxy S серијата. Досега имавме можност да видиме два FE модели, Galaxy S20 FE и Galaxy S21 FE, додека минатата година не беше објавен Galaxy S22 FE. Претстојниот Galaxy S23 FE на некој начин ќе пристигне нкако замена за Galaxy A74, кој веројатно нема да се појави оваа година. Тој всушност би можел да биде позициониран помеѓу Galaxy S23 и Galaxy A54.