Според рендерите и информациите што ги објави Стив Х. МекФлај, Realme би можел да биде првиот Android производител што ќе претстави смартфон со своја верзија на Dynamic Island.
Со претставувањето на iPhone 14 Pro и Pro Max моделите, Apple донесе нешто сосема ново на пазарот – Dynamic Island. Станува збор за „пилула“ која се смести на местото на засекот, а која за својот фактор на динамичност користи технологија за софтверско гаснење на пиксели и на тој начин се проширува или се намалува по потреба.
Бидејќи вакво нешто не беше видено до пристигнувањето на новиот iPhone, беше само прашање на време кога производителите на Android телефони ќе го преземат. Прв во тоа би можел да биде кинескиот Realme, чија верзија на Dynamic Island беше објавена од дојавувачот Стив Х. МекФлај, во соработка со порталот SmartPrix.
Seems a weird bug occurred in the Matrix and caused a spacetime flaw that kinda disrupted my last trip to the future…😵💫
So, one more round-trip later, here comes your first look at #Realme's #MiniCapsule in action…😏
Again, on behalf of @Smartprix 👉🏻 https://t.co/qAPkl4gcNn pic.twitter.com/Z29A4j0Jhe
— Steve H.McFly (@OnLeaks) February 22, 2023
Имено, рендерите покажуваат дека верзијата на Realme на Dynamic Island, наводно наречена „Mini Capsule“, би можела да биде поширока од онаа на Apple. Функциите, сепак, би требало да останат исти. Значи, „пилулата“ се активира при добивање нотификации, полнење, слушање музика и слично.
Дали апликациите од трети страни ќе можат да ги искористат предностите на Dynamic Island на Realme, засега не е познато. Сепак, како што пренесува GSM Arena, се шпекулира дека кинескиот производител би можел да го претстави овој паметен телефон на крајот на овој месец на MWC 2023 саемот во Барселона.