Компанијата Wilson произведе прототип на кошаркарска топка, направена со употреба на модерна технологија, која не бара полнење со воздух за да отскокнува.
Кога станува збор за спортска опрема, суштината не е променета, а тоа особено се однесува на топки за различни спортови, од кошарка до фудбал до одбојка. Wilson, еден од водечките производители на спортска опрема во светот, сè уште бара иновации, па претстави прототип на кошаркарска топка направена со помош на 3Д печатач, што би можело да го промени начинот на играње.
Клучната иновација е што прототипот на топката не содржи воздух, односно воздухот поминува низ топката благодарение на нејзината шема на дупки на површината. Наместо да користи воздух под притисок за отскокнување, топката всушност ја користи природната еластичност на смолата од која е направена.
Не е првпат 3D печатените материјали да се проучуваат како замена за воздух под притисок. Производителот на гуми Bridgestone работи на гуми без воздух повеќе од една деценија, иако успехот варира.
Пневматикот без воздух што функционира на сите терени и на сите временски услови е поголем предизвик од производството на кошаркарска топка што ќе има добри перформанси на различни кошаркарски терени, но тоа значи дека тоа е едноставна задача.
Д-р Надин Липа, менаџерката за истражување и развој на Wilson, доби тешка задача кога се приклучи на компанијата, која требаше повторно да ја измисли кошаркарската топка.
Работеше со General Lattice за да се произведе 3Д структурата на топката, која има серија од шестоаголни отвори наместо традиционалните кожни панели. Wilson го отстапи фајлот со дизајнот на компанијата EOS, која ја претвори во реалност.
Топката е произведена со помош на процес на адитивно 3D печатење, слоеви прав и повеќе ласерски премини. Адитивното производство беше вистинскиот избор за производство на прототипот на безвоздушната топка, а како што тврди EOS, всушност „единствената позната технологија што можеше да го оживее концептот“.
По производството, имаше процес на сушење и боење за да ѝ се даде карактеристичниот црн изглед. Топката потоа беше испратена во објектот за тестирање Wilson NBA во Ајдахо, каде кошаркарите ја оценија функционалноста на прототипот како кошаркарска топка. Компанијата е многу охрабрена од досегашните резултати.
Потпретседателот за иновации на Wilson, Боб Турман, изрази задоволство од првиот чекор, но тешко е да се каже дали прототипот, наречен The One, некогаш ќе стигне до фазата на производство. Сепак, кошаркарска топка која нема потреба од воздух и може да обезбеди добри перформанси секако ќе ги интересира љубителите на спортот.