Веќе почнаа да кружат гласини за тоа како ќе изгледаат iPhone 15 Pro моделите во новата посебна боја
Apple речиси редовно, секоја година ги нуди iPhone Pro моделите во посебни бои. iPhone 12 Pro беше достапен во Пацифик сина нијанса, iPhone 13 Pro во Sierra Blue, додека iPhone 14 Pro беше достапен во специјални верзии на Space black и Deep purple нијанси. Сега се шпекулира дека ќе пристигне нова боја за претстојниот iPhone 15 Pro.
iPhone 15 Pro во специјална кармин црвена нијанса
За iPhone 15 Pro, инсајдер кој разговараше со порталот 9to5Mac тврди дека Apple планира нова длабока црвена нијанса. Потоа, на сајтот што ги следи настаните и гласините во врска со уредите на Apple, набрзина направија макета за да го прикажат можниот изглед на идниот iPhone 15 Pro во специјална боја, а која можете да ја видите на насловната фотографија. Прикажаната боја е всушност темноцрвена нијанса со хексадецимален код #410D0D.
Макетата што беше создадена служи само за визуелизација на формата и како бојата може да изгледа на iPhone. Конечниот дизајн на компанијата Apple секако ќе биде поубав и посовршен.
Истиот извор вели дека за стандардните iPhone 15 и iPhone 15 Plus модели се тестираат две бои: светло сина и розова.
Изворот, сепак, предупреди дека оваа информација е сè уште преранета и дека Apple може да донесе поинаква одлука како што се приближува датумот на објавување на новата iPhone 15 серија, која се очекува наесен.
Новите материјали и специјални бои можат да го поскапат iPhone 15 Pro
Посебно е интересно да се види што ќе направи Apple со боите на iPhone 15 Pro моделите во контекст на употребените материјали. Овде првенствено се мисли на фактот дека iPhone 15 Pro ќе биде изработен од титаниум, што го најавуваат голем број различни извори. Apple веќе неколку години користи титаниум во Apple Watch серијата, нудејќи „природна“ и „space black“ варијанта на финиш. Притоа, Apple мора да води сметка на деталите како што се дополнително време за производство и повисоките придружни трошоци што ги бара таков процес.