Инженерите од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) успеаја да развијат роботско срце и го произведоа со помош на 3D печатач.
Роботичкото срце ќе им помогне на лекарите да ги приспособат терапите за пациентите со уникатни структури и функции на срцето. Персонализираното 3Д печатено срце може да го контролира и имитира капацитетот на пациентот да „пумпа крв“.
Постапката започнала со тоа што истражувачите ги конвертирале медицинските фотографии од срцето на пациентот во тридимензионален компјутерски модел, кој потоа го создале со помош на 3Д печатач и мастило базирано на полимер.
Прецизна реплика на срцето на пациентот е создадена како мека и флексибилна обвивка. Инженерите исто така можат да го користат овој метод за да ја испечатат аортата на пациентот, главна артерија која носи крв од срцето до остатокот од телото.
Тимот, исто така, создаде ракави слични на манжетни за крвен притисок, кои се обвиткуваат околу отпечатеното срце и аортата за да ја симулираат функцијата на срцето за пумпање крв. Внатрешноста на секој ракав има шема слична на обвивката со меурчиња. Научниците можат да го прилагодат излезот на воздухот за ритмички да ги прошири меурчињата во ракавот и да го „стиска“ срцето, симулирајќи го движењето на пумпање кога ракавот е поврзан со пневматски систем.
„Секое срце е различно. Има огромни варијации, особено кога пациентите се болни. Предноста на нашиот систем е што не само што можеме да ја рекреираме формата на срцето на пациентот, туку и функцијата во физиологијата и болеста“, вели студентот Лука Розалија.
Научниците користеа 3Д печатач за да создадат персонализирани копии од вистинските срца на пациентите, како и мастило на база на полимер, кое по печатењето и сушењето може да се собира и да се прошири како вистинско срце што чука.
Тимот користеше медицински скенови на 15 пациенти со аортна стеноза, како и фотографии од секој пациент, за да создаде тридимензионален компјутерски модел на левата комора и аортата, примарната комора за пумпање крв. Тие користеа 3D печатач за да создадат мека, анатомски правилна обвивка на комората и васкулатура користејќи го гореспоменатиот модел.
Користеле и ракави за обвиткување на испечатените форми, а џебовите на секој ракав биле приспособени така што кога ќе се завиткаат околу нивната форма и ќе се поврзат со мал систем за пумпање воздух, ракавите може посебно да се прилагодат за реално да се собираат и смалуваат печатените модели.
Исто така, тимот сакал да реплицира некои од интервенциите кои поедини пациенти ги имале за да видат дали отпечатеното срце и крвните садови реагираат слично. На крајот, импланти со различни големини беле споредени за да се види кој најдобро одговара.
Научниците се надеваат дека овој метод во иднина ќе биде корисен за пациентите.