Постоечката Bixby Text Call опција која ги конвертира текстуалните пораки во гласовни повици сега наместо генерички глас, ќе го користи гласот на корисникот.
Запознаени сме со можностите на вештачката интелиугенција совршено да имитира нечиј глас, како и со потенцијалните опасности што тоа ги донесува, но Samsung преку Bixby сака оваа технологија да ја искористи на интересен начин.
Bixby Text Call
Bixby Text Call е дел од интерфејсот на Samsung One UI 5.1 и им дава можност на корисниците да пишуваат порака наместо да одговараат на дојдовен повик. Наместо да ја испрати оваа порака во текстуален формат, Bixby ја претвора во генерирана гласовна порака, која се репродуцира по одговарањето на повикот, пишува Techspot.
Оваа услуга користи неколку различни гласови за гласно читање пораки. Но, новото ажурирање ќе користи совршена реплика на сопствениот глас на корисникот за да одговарање. Ова се постигнува со снимање на неколку реченици од вашиот глас во Bixby Voice Creator, кој потоа создава копија од глас генерирана со вештачка интелигенција до најситни детали, вклучувајќи го и начинот на кој зборувате.
Bixby Text Call моментно е достапен на англиски јазик. Генераторот за вештачка интелигенција во моментов е достапен само во Кореја, но ќе пристигне до корисниците на Galaxy S23 серијата на англиски јазик подоцна овој месец. Samsung тврди дека сака да го направи генерираниот глас компатибилен со другите апликации на Samsung надвор од телефонските повици.
Имитирањето на нечиј глас секогаш ќе предизвика страв од потенцијална злоупотреба доколку некој дојде до туѓ телефон и има пристап до него, но Samsung вели дека функцијата ги известува корисниците од другиот крај на линијата дека разговараат со помошникот Bixby, а не со лицето кое го повикале.
На истиот пат е и Аpple
Минатата недела, Apple поднесе патент кој овозможува апликацијата iMessage да чита пораки со гласот на испраќачот. Звучи слично на гореспоменатата функција на Samsung, освен што верзијата на Apple е ограничена само на услугата iMessage.
По само два месеци од почетокот на 2023 година, несомнено можеме да кажеме дека ова е година кога вештачката интелигенција станува мејнстрим. Книги напишани од Chat GPT, генерирани слики и фотографии, имитација на глас и автономни возила се само дел од она што не очекува во блиска иднина.