Новите информации откриваат дека следниот паметен часовник на Samsung ќе нуди и обновен дизајн кој ќе биде сличен на Google Pixel Watch. Тоа на Twitter го открива доверливиот дојавувач Ice Universe, кој објави дека Galaxy Watch 6 ќе се врати на заобленото заштитно стакло.
Ова ќе биде голема промена во однос на неодамнешните модели на корејската компанија од Galaxy Watch5 и Watch4 сериите, кои се карактеризираат со рамно стакло. Заоблено на рабовите беше стаклото на Galaxy Watch Active2 и неговиот претходник, иако не толку како кај Pixel Watch.
Samsung Galaxy Watch 6 has returned to the curved glass design. From now on, it is known that the glass is not flat and there is not much other information.
— Ice universe (@UniverseIce) February 23, 2023
Samsung најверојатно нема да го следи примерот на Google во понудата на токму заоблено стакло, но останува да се види каков пристап ќе заземе. Apple исто така користи заоблено стакло на дисплејот на Apple Watch, па можеби ова ја стимулираше и корејската компанија.