Досега можевме да ја видиме популарната игра Doom на различни, необични места, но ова не е за оние со големи прсти.
Јутјуберот и графички инженер Џејмс Браун успеал да го направи тоа што, на повеќето никогаш не би им дошло на памет. Да претвори мала лего коцка во уред на кој е можно да се игра популарната видеоигра „Doom“.
До сега можевме да ја видиме „Doom“ на различни, необични места, но ова не е за оние со големи прсти.
Како што покажува во своето видео, контролите се всушност многу едноставни и интуитивни. Браун во својот уред вградил минијатурен акцелерометар, што му овозможило да управува со видеоиграта со вртење на уредот во различни насоки.
Освен акцелометарот, Браун во својот уред вградил и микрокомпјутер „Raspberry Pi RP2040“ и 0,42-инчен OLED екран, копчиња чувствителни на допир и батерија.
Иако Браун со ова покажал дека навистина се може да се претвори во играчка конзола, тешко е да се поверува дека некој би играл Doom подолго од неколку минути на ваков минијатурен уред и екран.