Во нашата секојдневна работа со компјутер, користиме многу корисни кратенки со команди на тастатурата за да ги оптимизираме нашите активности. Има голем број такви во веб-прелистувачите, вклучувајќи го и Google Chrome.
Најпополарни меѓу нив се кратенките за отворање, затворање и префрлување помеѓу табовите. Меѓутоа, новите информации откриваат дека компанијата може да воведе и кратенка за команда на глувчето, затворајќи го табот со двоен клик.
It looks like Chrome will soon let you close tabs with a double click:https://t.co/QFfhuEMMEW
'Add "Double Click Close Tab" flag'.
A few months ago Microsoft added this same option in Edge:https://t.co/kIgnTy02us
— Leopeva64 (@Leopeva64) February 19, 2023
Во моментов, затворањето на активен таб е можно со комбинацијата на копчиња Ctrl + W и со глувчето со кликнување на иконата во форма на x во табот. Меѓутоа, ако имате многу отворени табови, иконите се прилично мали и понекогаш е тешко да ги погодите брзо.
Доказите за идната опција се пронајдени во Chromium Gerrit. Слична функционалност е веќе достапна во Microsoft Edge, но во овој случај ќе им помогне на многу повеќе луѓе.