Компанијата HMD Global објави дека презела чекори за започнување на производство и тестирање на уредите под брендот Nokia во Европа. Ова ќе стартува оваа година најпрвин со 5G производите, но подоцна ќе ги опфати и другите модели од портфолиото на компанијата.
Во официјално соопштение, HMD Global објави дека работи заедно со голем број ИТ партнери на полето на безбедноста, софтверските модификации и деталното тестирање како прва фаза од процесот на префрлање на производството и тестирањето на Nokia паметните телефони во Европа. Она што компанијата не го прецизираше е каде планира да ги гради своите фабрики.
Според HMD Global, ова ќе го подобри нивниот придонес во однос на безбедноста на клучните области на индустријата. Со производство и тестирање во ES, клиентите можат да добијат гаранција за висока безбедност преку персонализирани софтверски функции, а дополнително компанијата ќе работи со дополнителни партнери за ИТ безбедност. Инаку, HMD Global долго време стандардно ги следи безбедносните софтверски методологии и заштитата на личните податоци, и од 2019 година сите потрошувачки и корпоративни податоци се складираат и обработуваат на серверите во Финска.