Razer продолжува да ја ажурира својата линија на преносни компјутери Blade 15, додавајќи ги најновите чипови од Intel и NVIDIA за оваа година. Компанијата најави две нови варијанти во серијата лаптопи.
Додатоците се 16GB DDR5 RAM со работен такт од 5200 MHz, SSD од 1TB и процесор Intel i7-13800H. Чипот има 14 јадра, 20 нишки и максимална фреквенција од 5,2 гигахерци (GHz). Во однос на графичката картичка, постои избор помеѓу NVIDIA RTX 4060 и RTX 4070 GPU.
Екранот е со IPS технологија со Quad HD резолуција со 100% покриеност на DCI-P3 опсегот на бои и стапка на освежување од 240 Hz. Во голема мера, останатите карактеристики на уредите остануваат непроменети.
Цените изнесуваат 2.900 евра за верзијата RTX 4060 и 3.200 евра за моделот RTX 4070.