Кина се подготвува да испрати 13.000 интернет сателити во ниската орбита на Земјата, заканувајќи се на доминацијата на Starlink на Елон Маск, а тимот предводен од Ксу Кан, вонреден професор на Кинескиот универзитет за воздухопловно инженерство на Ослободителната армија, сака да го стори тоа „пред да биде завршен Starlink“.
Лансирањето на кинески сателити „ќе гарантира дека нашата земја има свое место во ниската орбита на Земјата“, објави тимот на професорот Ксу Чан.
Во соопштението се додава дека ова лансирање ќе го спречи Starlink превентивно да ги окупира сите достапни слотови во ниската орбита на Земјата.
Во моментов, Starlink има повеќе од 3.000 сателити во орбитата на Земјата и планира да го зголеми тој број на 12.000 до 2027 година.
Тоа не е крајот, бидејќи Starlink планира да распореди 30.000 сателити во орбитата.
Според истражувачите, Starlink претставува закана за сателитите на другите земји бидејќи Пентагон, кој има договор со SpaceX, може да и нареди на компанијата „активно да таргетира и уништува цели во вселената“.