Во рамките на Мобилниот конгрес во Барселона, OnePlus ги откри деталите за развојот на OnePlus 11 концептот, кој вклучува специјален систем за ладење Active CryoFlux. Компанијата не подготвуваше за премиерата изминативе недели, а сега знаеме повеќе за технологијата.
За почеток, тоа не е нешто што ќе пристигне на пазарот во оваа форма, но компанијата сè уште демонстрира за што е способна технологијата. Во пракса, се работи за затворен систем за ладење кој вклучува мала пиезоелектрична пумпа која циркулира течност за ладење низ каналите на задниот дел од телефонот.
Оваа течност ја апсорбира топлината од чипсетот и ја испушта додека патува низ каналите до другите делови на телефонот. Според компанијата, системот може да ја намали температурата за 2,1 степени, што пак додава 3-4 фрејма во секунда во игрите. При полнење, температурата може да се намали за 1,6 степени, што го забрзува процесот за 30-45 секунди.
Сè уште не е јасно дали и кога технологијата ќе биде комерцијализирана.
ФОТО: Mobile Bulgaria