Штотуку претставените Xiaomi Buds 4 Pro, Xiaomi Watch S1 Pro и Xiaomi Electric Scooter 4 Ultra се нови додатоци во глобалната понуда на Xiaomi во сегментот што го нарекуваат AIoT
Заедно со паметните телефони од серијата 13, Xiaomi викендов во Барселона го претстави и својот најнов AIoT пакет производи, кој е комбинација на вештачка интелигенција и Internet of things. Пакетот на новите производи на Xiaomi што ќе бидат достапни на глобалниот пазар ги вклучува Xiaomi Buds 4 Pro, Xiaomi Watch S1 Pro и Xiaomi Electric Scooter 4 Ultra.
Xiaomi Buds 4 Pro слушалки
Новите Buds 4 Pro слушалки na Xiaomi пристигнуваат оваа година со надградени функции и освежен дизајн. Слушалките ја користат технологијата LDAC на Sony, која гарантира верен пренос на звук, како и брзина на пренос на податоци до 990 kbps со 32-битна длабочина на звукот, а сето тоа е поддржано од безжичниот аудио систем Hi-Res. Има и активно поништување на шум со длабочина до 48dB.
Ново е и Dimensional audio, функција која ги детектира движењата на главата на корисникот и го прилагодува звукот според неговата просторна положба, обезбедувајќи најреална можна репродукција. Траењето на батеријата ќе биде до 9 часа континуирано слушање со едно полнење и до 38 часа со користење на кутијата за полнење. Слушалките поддржуваат и безжично полнење.
Слушалките пристигнуваат складирани во уникатна футрола, а повеќе магнети ги чуваат врвовите на увото безбедни, што му овозможува на корисникот лесно да го користи уредот со една рака. Меките врвови за уши се направени од LSR и доаѓаат во три големини, додека новата функција „Интелигентно следење на вклопувањето“ им овозможува на корисниците да најдат максимална естетска и физичка удобност за часови слушање. Слушалките се достапни на пазарот во црна и златна боја.
Xiaomi Buds 4 Pro се достапни за продажба по стартна цена од 214 евра преку официјалните продажни канали на Xiaomi.
Xiaomi Watch S1 Pro паметен часовник
Xiaomi Watch S1 Pro го комбинира класичниот дизајн со современа технологија, со 1,47-инчен AMOLED екран, ротирачка круна и кристално стакло од сафир отпорно на гребење. Доаѓа во две различни варијанти на бои – едната варијанта вклучува сребрено куќиште со кафен кожен ремен, а другата црно куќиште со црн ремен од флуор гума, додека и двата може да се приспособат со повеќе од 100 бројчаници.
Xiaomi Watch S1 Pro следи повеќе од 100 информации во реално време. Има дури 10 програми за тркачи (фитнес, трчање, одење, согорување маснотии, издржливост, зајакнување на белите дробови…), а тука се и функциите за следење на здравствените податоци (согорени калории, интензитет на вежбање, следење на спиење, пулс, следење на кислород во крвта…).
Со батерија која трае до 14 дена, уредот брзо се полни, а само десетминутното полнење ќе овозможи барем уште два дена нормална употреба. Xiaomi Watch S1 Pro доаѓа со приклучок за безжично полнење што може да го наполни уредот до 100% за 85 минути.
Xiaomi Watch S1 Pro часовникот е достапен за продажба по почетна цена од 324 евра преку фицијалните продажни канали на Xiaomi.
Xiaomi Electric Scooter 4 Ultra електричен скутер
Како прв електричен скутер на оваа компанија со систем за двојна суспензија, Xiaomi Electric Scooter 4 Ultra нуди најудобно и најбезбедно возење досега, дури и на тешки терени. За да се намали ризикот од дупната гума и потенцијална опасност, тој е опремен со поголеми, 10-инчни гуми Xiaomi DuraGel отпорни на пробивање.
Xiaomi Electric Scooter 4 Ultra може да достигне брзина до 25 км/ч и на тој начин лесно може да се контролира на ридови до 25% искачување. Моќноста на моторот од 940 W и долготрајната батерија им даваат можност на корисниците да патуваат до 70 километри. Новина е што годинашниот модел на скутер пристигнува со новата S+ технологија за инстантно забрзување на возењето.

Со силно, но лесно алуминиумско куќиште отпорно на корозија, новиот електричен скутер поддржува максимално оптоварување до 120 кг. Опремен со палуба од 880 см2 и продолжен ракофат од 490 мм, целокупниот дизајн на ромобилот обезбедува поголема површина за стоење и постабилен држач за удобно и безбедно возење, а има и IP55 сертификат за отпорност на прашина и вода.
Xiaomi Electric Scooter 4 Ultra е достапен за продажба по почетна цена од 1.049 евра преку официјалните канали на Xiaomi.


