MSG Sphere е името на арената вредна 2,2 милијарди долари која моментно се гради во Лас Вегас, Невада. Се очекува да биде завршена до септември годинава.
Арената е висока 110 метри и широка 157 метри на најшироката точка. Тоа е музичка и забавна арена во форма на огромна сфера. Првично требало да биде завршена во 2021 година, но изградбата била прекината во април 2020 година поради тешкотиите предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Подоцна истата година, изградбата продолжила.
… And it comes in every color. 🤩 pic.twitter.com/UHGGGKhGtj
— MSG Sphere (@msgsphere) January 26, 2023
Планот е арената да работи 365 дена во годината и треба да донесе стотици милиони долари за локалната економија. Тие првенствено ќе организираат доделување награди и концерти, заедно со други забавни настани. Иако не е наменета за спортски натпревари, ниту таа можност не е целосно исклучена. Освен формата која е впечатлива од далечина, она што ја издвојува оваа арена е технологијата што ќе се користи.
“Внатре во сферата, публиката ќе биде воодушевена од најголемиот 16K LED екран во светот. Овој екран ќе ја има највисоката резолуција во светот, што е неколку пати поостра од сѐ што можете да искусите денес”, изјави Лукас Вотсон, претседател на MSG Sphere, на конференција за новинари.
Welcome back to @Vegas for #CES2023!
You may have noticed the skyline is changing a bit. pic.twitter.com/PXKh5dQZL3
— MSG Sphere (@msgsphere) January 4, 2023
Арената ќе има капацитет од 17.500 седишта, а сите седишта ќе имаат брз интернет пристап. Покрај тоа, ќе може да прими 20.000 луѓе на местата за стоење. Ќе има 304 паркинг места.
„Нашата мисија е да воведеме сосема нов медиум кој ќе ги отклучи споделените искуства за кои луѓето никогаш не сонувале“, рече Вотсон. „Соработуваме со уметници и креатори од светска класа за да го оживееме ова. Се надеваме дека ќе го направиме Лас Вегас родно место на нов медиум“, заклучил тој.