По необичниот Watch Buds модел, Huawei ни подготвува уште нешто понеобично – Huawei Watch GT Cyber, неконвенционален часовник кој пружа интересни можности.
Како што јавува Android Authority, Huawei на MWC 2023 во Барселона, зад затворени врати претстави нов паметен часовник – Huawei Watch GT Cyber. Станува збор за часовник со навистина необичен дизајн и конструкција кој ветува многу интересни можности.
На изглед, Watch GT Cyber можеби најпрвин потсетува на Casio G-Shock моделите, но сличноста завршува тука. Најпрвин поради фактот што, наместо да се вади нараквицата како кај повеќето часовници, тука самиот часовник всушност може да се одвои, а уредот има облик на хокеарски пак и можно е да се извади од рамката.
Нараквицата всушност е целосно поврзана со рамката, па доколку сакате да го промените нејзиниот изглед, ќе биде неоходно да го замените целиот комплет. Huawei прикажа три различни стилови на рамки и нараквици во шест различни бои.
Треба да се претпостави дека и нараквиците и рамките ќе биде можно да се купат од различни third-party производители, па дури и 3Д да се отпечатат, што отвора некои навистина интересни можности. Практично, можете да направите часовник со апсолутно секаков дизајн и значително да го промените неговиот изглед, бидејќи самиот уред има многу неутрален изглед.
Што се однесува до фабричките рамки, Huawei напомена и дека часовникот при детектирањето на нов ќе може автоматски да го прилагоди скинот за да се сложува со нараквицата, што покажува дека постои има некаква врска помеѓу рамката и часовникот која овозможува идентификација. Секако, како и кај актуелните модели на Huawei Watch, можете да ја фотографирате и вашата облека, врз основа на која часовникот ќе генерира скин што одговара на неа.