Џијанг Жонгли за време на студирањето бил во врска на далечина со својата девојка, а единствениот контакт со неа секој ден бил телефонски.
Многу парови ширум светот се во слична ситуација, а токму оддалеченоста од неговата девојка го инспирирала Жонгли да развие прилично бизарна направа – силиконски усни кои им овозможуваат на парови да имаат физички контакт.
Патентот за уредот го поднел во стручниот институт за мехатроничка технологија во Чангжу, а главниот иноватор во неговиот развој бил Џијанг Жонгли. Како што пренесува Си-Ен-Ен, во последните денови вештачките усни станаа вистински хит на кинеските социјални мрежи – на некои луѓе им се интересни, додека некои луѓе се прилично шокирани (користат епитети како страшни и вулгарни за да ги опишат), особено со фактот дека дури и малолетници можат да ги купат.
Remote kissing device for long-distance lovers, invented and patented by Chinese university student in Changzhou City.
The mouth-shaped module, served as an inducing area for lovers to make the kiss and then it can transfer kiss gesture to the "mouth" on the other side. pic.twitter.com/5i2ogMiUXe— China in Pictures (@tongbingxue) February 22, 2023
Имено, за да го направат чувството што е можно пореално, тие се опремени со сензори за притисок и актуатори за да го имитираат не само притисокот и движењето, туку и температурата на усните, а исто така е можно да се пренесат звуци направени од корисниците.
Пред бакнување, потребно е да ја преземете мобилната апликација, да го поврзете уредот со телефонот преку портот за полнење и да се поврзете со партнерот во таа апликација и да започнете со преносот на видеото, односно да почнат да се бакнуваат со силиконските усни.
Освен со партнери, сопствениците на овие уреди преку посебна опција за поврзување со непознати лица можат да разменуваат силиконски милувања и со потполни непознати лица. Доколку овие непознати личности „кликнат“, т.е барем преку апликацијата си се допаѓаат, можат да почнат да се бакнуваат.