Успешни години се зад компанијата Sony Interactive Entertainment откако оствари неверојатни резултати со продажбата на PlayStation 5 конзолата, а со истите планови влезе и во 2023 година, но и ја зголемија достапноста на конзолите ширум светот
Изабел Томатис, потпретседателка за бренд и хардвер рече дека PlayStation 5 беше лансиран пред две години, кога беа претставени некои од игрите направени за оваа конзола God Of War Ragnarok, Ratchet & Clank: Rift Apart, Gran Turismo 7, Horizon Forbidden West и Returnal, кои покажаа неверојатната креативност на развојот на игри и искуството што корисниците го доживеаја играјќи ги овие наслови на платформите.
„Им благодариме на сите фанови за вашето трпение додека се боревме со невидената побарувачка за PlayStation 5 конзоли во време на глобалните предизвици. Сега, ако сакате да ја купите оваа конзола, можете да го направите многу полесно отколку порано, во продавниците околу светот“, рече Томатис.
Таа додаде дека корисниците во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург исто така можат да го направат тоа преку официјални канали, директно од PlayStation, како и кај трговците на мало ширум светот.
На уникатен начин „Live from PS5, компанијата ги претстави насловите креирани за оваа конзола во изминатите години и со тоа презентираше неверојатна графика, а најави и нови игри како: Assassin’s Creed Mirage, Final Fantasy XVI, Hogwarts Legacy, Marvel’s Spider-Man 2, Resident Evil 4: Remake и Street Fighter 6, како и проширувањата на Destiny 2: Lightfall и Horizon Forbidden West: Burning Shores.
„2023 ќе биде неверојатна година за играчите на PS5“, велат од SIE.