Знаеме дека витаминот Д е неопходен и корисен за нашето здравје, но дали знаеме колку е важен и колку неговата функција е клучна. Недостатокот на овој витамин во организмот доведува до влошување на здравјето како постојано чувство на замор и изнемоштеност, несоница, мускулна слабост, подложност на инфекции, проблеми со забите, слаби и кршливи коски. Особено недостатокот на витамин Д кај возрасните лица, доведува до остеопороза.
Витаминот Д е од суштинско значење за целокупниот човеков организам, поради тоа што нѐ одржува во добро здравје. Неопходен за здрави и јаки коски, обезбедува нормална минерализација на коските, го намалува ризикот од вирусни и бактериски инфекции. Исто така, позитивно влијае на регулацијата на одредени хормони, има корисно дејство кај повеќето видови артритис, потребен е за одржување на добар имунитет. Го регулира нивото на инсулин и помага за регулирање на дијабетесот.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во светот секоја трета жена и секој петти маж на возраст од 50 години и повеќе, доживуваат остеопоротична фрактура, односно слабеење на коските што доведуваат до лесно кршење.
Заради ваквата важна улога, независно од возраста потребно е постојано следење на снабденоста на организмот со витамин Д. Лабораторијата SYNLAB е специјализирана за биохемиски и микробиолошки анализи, а тука утврдувањето на витаминот Д се прави со современа медицинска опрема и се добиваат најрелевантните и најпрецизни резултати. Почнувајќи од 1ви март, испитувањето на витамин Д во Синлаб може да се направи со специјална понуда каде е намалена цената за основниот пакет за испитување витамин Д, како и цената за испитување на витамински профил (витамин Д, Б12 и фолна киселина).
Доколку е потребно да се зголеми нивото на витамин Д, нашиот организам може да го добие на неколку начини – преку изложување на сонце, преку исхрана, но и со внесување на суплементи. Во прехранбените продукти, витаминот Д го има во млекото, рибата, туната, жолчката од јајцата, маслото од црн дроб. Но, витаминот Д може да се внесе и преку правилно и дозирано консумирање суплементи што не треба да се земаат на своја рака.