Компанијата Nothing нема официјално присуство на мобилниот конгрес во Барселона, но тоа не значи дека нема новости за споделување. Во рамките на саемот, почна тизер кампања за следниот паметен телефон на компанијата Nothing Phone (2), која открива дека уредот ќе користи чипсет од Snapdragon 8 серијата (најверојатно Snapdragon 8 Gen 2).
Засега нема повеќе детали што друго да очекуваме, но откривањето на чипсетот ја потврдува информацијата дека уредот ќе биде од повисока класа и ќе се позиционира во премиум сегментот. Карл Пеи неодамна потврди дека Nothing Phone 2 ќе биде достапен во САД, а што се однесува до премиерата, очекуваме да биде во текот на летото.
Innovation, fuelled.
Phone (2) will be equipped with the @Qualcomm @Snapdragon 8 Series chipset. For a leap in power and performance. https://t.co/lMHizf3lId
— Nothing (@nothing) February 28, 2023