Иако Intel и Microsoft допрва треба да ги објават официјалните планови, веќе има знаци се работи на следната верзија на Windows, во која би се интегрирале функции на вештачка интелигенција.
Ако се суди според промената во развојниот циклус, Windows 12 би можел да пристигне веќе во 2024 година, а дека нешто се случува навестува твитот на корисникот на Twitter @leaf_hobby, кој споменува дека Intel работи на прилагодување на следната генерација на процесори за Windows 12.
Intel и Microsoft одбија за The Verge да ја коментираат наведената објава.
Меѓутоа, во интервју за истиот портал, Јусуф Мехди, шефот на потрошувачки маркетинг на Microsoft изјави: „Додека почнеме да ги развиваме идните верзии на Windows, ќе размислуваме за други места каде што вештачката интелигенција треба да игра природна улога во однос на корисничкото искуство“.
Сепак, јасно е дека Microsoft мора тесно да соработува со хардверски партнери како што се Intel и AMD за да ги оптимизираат чиповите, кои можат да го поднесат работното оптоварување со вештачка интелигенција, пренесува The Verge.