TikTok ограничувањето е еден од новитетите што се воведуваат, а кое се однесува на 60 минути користење дневно за сите корисници кои не се полнолетни.
Новото ограничување од 60 минути на TikTok автоматски се применува на сите профили, но ќе можете да го исклучите или да поставите сопствен лимит доколку сакате, се вели во соопштението.
Апликацијата за паметни телефони воведува уште многу новини насочени кон управување со времето на екранот, вклучително и потсетници за сите оние кои го исклучиле ограничувањето од 60 минути, но поминуваат повеќе од 100 минути дневно на мрежата TikTok.
Секако, родителите ќе можат да го контролираат користењето на апликацијата за нивните деца, како и да додадат код и да го продолжат дневниот лимит за 30 минути.
Тимот на TikTok ги консултираше тековните истражувања и експертите од лабораторијата за дигитално здравје во Бостонската детска болница при одредувањето на дневната граница од 60 минути.
Родителите ќе можат да ја користат опцијата Family Pairing доколку сакаат да ја сменат дневната граница на користење, вклучувајќи различни вредности за различни денови во неделата. Новата функција е унифицирана контролна табла која го прикажува времето поминато пред екранот, каде што ќе видите детали за времето поминато во апликацијата, колку пати е отворена апликацијата и преглед на вкупното поминато време.
Родителите добиваат опција да постават уште повеќе ограничувања и да ги исклучат нотификациите за своите деца. Моментно, корисниците помлади од 15 години не добиваат push известувања по 21 часот, а корисниците на возраст од 16-17 години по 22 часот.
Времето поминато пред екранот е сериозен проблем за сите корисници и затоа TikTok уфрла потсетници за времето за спиење. Така ќе можеме да се потсетима кога да се одјавиме, да го оставиме телефонот и да одиме на спиење.