На MWC 2023 саемот во Барселона, носечките уреди на компанијата Huawei, вклучувајќи ги Huawei Watch Buds и Huawei Watch GT Cyber го привлекоа вниманието на светските медиуми и гостите и освоија дури 16 признати награди за својот супериорен дизајн и иновации. Овие награди го докажуваат глобалното признавање на експертизата на Huawei во креирањето на уреди за носење и водечката позиција на компанијата на меѓународниот пазар.
Huawei Wearables: Здравиот живот е олеснет
Huawei Watch Buds, кој интегрира безжични слушалки и паметен часовник, освои осум медиа награди за својот супериорен дизајн. Часовникот го привлече вниманието на многу присутни со своето извонредно 2-во-1 искуство. Како прв паметен часовник во индустријата со магнетен поп-ап капак и дизајн кој интегрира слушалки, Huawei Watch Buds е стилски уред кој го решава проблемот со заборавање или губење на слушалките при секојдневна употреба.
Слушалките поддржуваат технологија за адаптивна идентификација, која автоматски ги коригира левите и десните аудио канали при носење и интелигентно обезбедува најдобар квалитет на звук за различни структури на ушниот канал во реално време, овозможувајќи им на корисниците да уживаат во одлична музика.
Угледниот сајт Phone Arena го пофали часовникот: „Huawei пробива нови терени, и исто како и првите неколку смартфони на преклопување, Huawei Watch Buds е производ со потенцијал да го редефинира она што денес го знаеме како паметен часовник/слушалки“.
Huawei Watch GT Cyber
Дизајниран за љубителите на модата, Huawei Watch GT Cyber има уникатен дизајн кој им овозможува на корисниците да го променат куќиштето на часовникот во стилот на нивниот избор, поставувајќи ги стандардите за хардверска иновација и интеграција во индустријата. Huawei Watch GT Cyber освои 8 медиумски награди како признание за неговите стилски променливи куќишта.
Trusted Reviews, светски познатиот технолошки медиум, коментира: „Huawei прави нешто навистина различно со Watch GT Cyber. Способноста не само да се замени ременот, туку и целото куќиште без сомнение ќе биде популарно кај модните фанови, а фактот што е исто така корисен фитнес тракер е бонус“.
Huawei Wearables
По сите тестови и дискусии на лице место, медиумите изразија заеднички став дека ова е најуникатниот и најмоќниот производ на Huawei, што ја одразува нивната посветеност на смели иновации и континуирано истражување.
Покрај своите високо иновативни хардверски производи, Huawei исто така направи откритија во софтверските способности. Преку саморазвиените иновации како што се Huawei TruSeen, Huawei TruSport, Huawei TruSleep, се промовира здрав живот преку нови дигитални можности во фитнесот и следењето на здравјето.