Новата верзија на WhatsApp за Android таблет уредите конечно е надградена со два панели, за да може подобро да ја искористи површината на големиот екран.
Една од популарните апликации за пораки во својата бета верзија претстави подобрување за работа на големите екрани – WhatsApp за таблет уредите конечно добива два посебни панели.
Кога новите функционалности се имплементираат во бета верзии, тие треба да поминат низ процес на тестирање кој може да трае од неколку недели до неколку месеци, со цел конечно да станат јавно достапни.
Очигледно, се надеваме дека истата логика важи и овде, бидејќи интерфејсот со два панели има многу повеќе смисла на таблет уредите отколку едноставно проширена верзија на интерфејсот од телефонот.
Првата верзија на апликацијата WhatsApp компатибилна со таблети со Android им беше објавена на бета-тестерите минатата година, но немаше дисплеј со два панели. На новиот скриншот можете да го видите новиот кориснички интерфејс, кој сега е активен за оние кои ја користат бета верзијата на апликацијата, пишува WABetaInfo.
Листата на корисници со кои се допишувате е секогаш видлив лево, што го олеснува преминувањето од еден разговор во друг. На десната страна, развиени се разговори и конверации кои овозможуваат полесна навигација, транспарентност и префрлање од еден разговор во друг. Овој поделен приказ е достапен и кога сте во повиците или во табот Status.
Ова е добредојдено подобрување што е широко достапно на повеќето конкурентни апликации, па се надеваме дека наскоро ќе го најде својот пат до корисниците на WhatsApp кои комбинираат таблет со телефон.