Апликацијата на Huawei за мапи ја прикажува навигацијата на ниво на лента преку целиот екран, со опсежна поддршка за патниците ширум светот
Huawei на MWC 2023 саемот во Барселона ја претстави апликацијата Petal Maps, која служи за навигација и доаѓа со повеќе иновативни функции. Апликацијата е опремена со најсовремена технологија за сообраќај, а корисниците ги наведува по целиот екран на уредот, вклучувајќи притоа импресивни визуелни ефекти со што на корисниците им се обезбедува безбедна навигација и услуга.
На мобилниот конгрес ја демонстрираше услугата за навигација на цел екран која го проширува приказот на навигацијата на мапите и така на корисниците им го олеснува следењето на насоката во која се движат. Освен тоа, апликацијата содржи ажурирања на патиштата во земји како Малезија, Филипини и Мексико, кои во комбинација со јасниот приказ на корисниците им гарантираат подобро искуство на користење.
Функцијата навигација на цел екран користи бројни ефекти како алгоритми за 3D моделирање на патиштата и издвојување на насоки од HD сателитски слики, за автоматска симулација и приказ на детални информации за патиштата во 3D, со што патиштата на дигиталните мапи се прикажуваат поживописно. Дава полесни навигациски насоки и предлози за возење во гужва, на кориснциите им дава потсетници за навремена промена на ленатата на движење и поедноставно снаоѓање на сложени патишта.
Petal Maps се грижи и за здравјето на околината, па корисниците кои преферираат да возат велосипед ги наведува на насоодветните рути во склад со сообраќајните услови, а на сите кои пешачат со вибрации преку паметен часовник им дава до знаење каде и кога да свртат. На тој начин корисниците нема да останат залепени за својот телефон.
Како што велат од Huawei, Petal Maps детално прикажува патишта, згради, временски услови и ноќно гледање, во бои од реалниот свет. Оваа опција го рекреира реалниот свет во дигиталните мапи и на корисниците им овозможува едноставна навигација. Поддржува и детален 3D приказ на речиси стотина светски знаменитости. На пример, во текот на конгресот посетителите можеле да истражат повеќе знаменитости во Барселона рекреирани во 3D форма на дигитална мапа во апликацијата и истовремено да видат динамични ефекти како облаци, сонце и дожд, но и улично осветлување и други специфични детали на зградите ноќе.
Покрај иновативните картографски функции, Petal Maps ги обезбедува услугите што им се потребни на корисниците за да патуваат со различни видови на транспорт, да нарачаат гостински превоз или да резервираат сместување во хотел.