Apple изгледа подготвува нов 24-инчен iMac, кој би можел да се појави веќе во втората половина на оваа година, според информациите новинарот на Bloomberg, Марк Гурман. Според него, компанијата е веќе во завршна фаза на развој на два модели на iMac, а неодамна почнале и производствените тестови.
Од нив се очекува да понудат голем број подобрувања, од кои најзначајно е воведувањето на М3 чипот од следната генерација. Новиот чипсет произведен во 3 нанометарскиот процес на TSMC ќе понуди значително повисоки перформанси и ефикасност.
Некои од внатрешните компоненти имаат нов дизајн од Apple, а се предвидува и поинаков пристап кон постољето. Екранот повторно ќе биде со дијагонала од 24-инчи, со избор на бои слични како кај претходната генерација.
Гурман откри дека напролет или летоска, Apple ќе објави 15-инчна верзија на MacBook Air, како и ажурирана верзија на 13-инчниот модел. Можно е вториот модел да го користи M3 чипот.