Со новиот договор, WhatsApp ќе мора целосно да ги почитува правилата на ЕУ подобро да ги информира корисниците и да ги почитува нивните одлуки за ажурирање на договорите, но и да не споделува податоци со Facebook
Европската комисија денеска објави дека апликацијата WhatsApp се обврзала да биде потранспарентна во однос на нејзината политика за приватност и промените во нејзините услови за користење.
За време на дијалогот со Европската комисија, компанијата потврдила дека личните податоци на корисникот нема да се споделуваат со трети страни или други компании од Meta Group, вклучително и Facebook, за рекламни цели.
Европската мрежа за соработка во областа на заштитата на потрошувачите (CPC) активно ќе следи како WhatsApp ги спроведува обврските преземени во идните ажурирања на својата деловна стратегија, и доколку е потребно, ќе обезбеди усогласеност, вклучително и можност за изрекување казни, објави Европската комисија.
Дијалогот го координираа Шведската агенција за заштита на потрошувачите и ирската комисија за конкуренција и потрошувачи.
We welcome WhatsApp's commitments to change its practices to comply with EU rules, informing users better and respecting their choices on contract updates.
EU consumers have a right to understand what they agree to and what that choice concretely entails.#EU4Consumers
— European Commission (@EU_Commission) March 6, 2023