Оваа година, Huawei ја подготвува премиерата на следната генерација на својата флегшип линија на паметни телефони Huawei P60. Покрај тоа, компанијата ќе го претстави и својот следен смартфон со екран на преклопување, Mate X3.
Сега има нови информации кои покажуваат дека најавата за P60 е планирана за 23 март во Кина. Исто така, на почетокот на годината, компанијата најави дека Mate X3 исто така ќе пристигне во текот на овој месец, што значи дека сите уреди би можеле да бидат претставени на 23 март.
Компанијата може да ги претстави и новите FreeBuds 5 слушалки, часовникот Watch 4 и фитнес нараквицата Band 7. Инаку, меѓу очекуваните спецификации на P60 Pro се Snapdragon 8 Gen 2 4G чипсет, 6,6-инчен OLED дисплеј со резолуција од 1440p и стапка на освежување од 120 херци.
Капацитетот на батеријата може да биде 5000 mAh со брзо жично полнење од 100 вати и безжично до 50 вати. Главната камера ќе биде комбинација од 50MP Sony IMX888 сензор, 50MP IMX858 со оптика со ултраширок агол и 64MP OmniVision OV64B со телефото објектив.