Со новата генерација iPhone 14 модели, Apple значително ја подобри бројната состојба, така што на листата на најпродавани смартфони во 2022 година сега се наоѓаат дури осум iPhone модели.
Една од најпознатите компании кои се занимаваат со технолошки, медиумски и телекомуникациски статистики, вклучувајќи ги и телефоните е Counterpoint, а токму денеска беше објавена глобалната листа на најпродавани телефони во 2022 година, на која Apple е убедливо доминантен.
Со вкупно осум од десет места, iPhone уредите, посебно последните две генерации се убедливо најпродавани. Со 5% од вкупниот удел на листата на најпродавани телефони во 2022 година, Apple iPhone 13 е далеку прв, по што следуваат iPhone 13 Pro Max со 2,6% и iPhone 14 Pro Max со 1,7%. Покрај телефоните на Apple, има и два модели на Samsung, достапните Galaxy A13 и A03 на четвртото и десеттот место.
Интересен е и трендот на iPhone Pro Max моделите, кои генерално се сè попопуларни, и покрај нивните димензиисекоја година заземаат сè подобри позиции на листата. На шестото место за минатата година се најде и iPhone 12, телефон што беше претставен во октомври 2020 година, со малку послаби бројки од iPhone 13 Pro моделот.
Листа на најпродавани смартфони – локации
И покрај тоа што е на пазарот две и пол години, основниот iPhone 12 модел остана многу популарен на пазарите како што се САД, Кина и Јапонија. Друг модел кој добро се продаваше на јапонскиот пазар е минатогодишниот iPhone SE (2022), кој е особено ценет поради компактните димензии и кој е на десеттото место на листата на најпродавани телефони во 2022 година.
Двата модели на Samsung се единствените два 4G телефони на листата, а нивната регионална дистрибуција е многу порамномерна од iPhone моделите. На пример, за помалку од 250 евра, Samsung Galaxy A13 најдобро се продаваше на пазарите како што се Карибите, Латинска Америка и Индија. Од друга страна, Samsung Galaxy A03 е најдостапниот мобилен уред на листата и единствениот покренуван од Unisoc чипсетот, кој го заслужи своето место со одлични бројки на пазарот на Блискиот Исток и Африка.
Консолидација на портфолиото и фокус на премиум моделите
Истражувањето покажува и дека во 2022 година дојде до консолидација на портфолијата на големите компании, па бројот на активни модели во понудата падна од неверојатни 4.200 во 2021 година на 3.600 модели минатата година. Забележан е и тренд на „премиумизација“ на брендовите, односно префрлање од политиката на големи количини на премиум модели, за да се извлече поголем профит од количините.