Снабдувач на OLED екрани за iPhone SE 4, новиот поевтин телефон на Apple, би можел да биде кинескиот BOE наместо Samsung и LG.
Како што пишува Trusted Reviews, снабдувач на OLED екрани за претстојниот iPhone SE 4 би можел да биде кинескиот BOE (Beijing Oriental Electronics). Оваа компанија пропушти да се вклучи во игра како снабдувач на екрани за iPhone 15 серијата, што се очекува подоцна во текот на годината, но најверојатно ќе произведува панели за освежениот модел на најдостапниот смартфон на Apple.
Според гласините, Apple конечно е подготвен целосно да се откаже од старата LCD технологија на сите свои телефони. Ценовно прифатливиот iPhone SE 3 моментно е единствениот модел во нивната палета што сè уште не користи OLED панел, но тоа наскоро би можело да се промени.
Четвртата генерација на iPhone SE треба да се појави следната година и најверојатно ќе ги користи екраните кои првично беа наменети за iPhone 13 и iPhone 14. Со други зборови, iPhone SE 4 OLED треба да го користи истиот екран од 6,1 инчи со резолуција од 1170 x 2532 пиксели и со стапка на освежување од 60 Hz што ја видовме во претходните неколку години. Тоа би значело значајна надградба на iPhone SE 4 во однос на претходните SE модели.
Пред неколку недели, аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо, тврдеше дека Apple го променил мислењето да го напушти iPhone SE 4 и дека новата верзија на буџетскиот телефон базиран на iPhone 14 би можела да биде објавена во текот на 2024 година. И не само тоа, туку компанијата би можела да користи и сопствен 5G baseband чип, што е дел од иницијативата на Apple за намалување на зависноста од надворешни снабдувачи, во овој случај Qualcomm.
Apple во 2019 година го купи Intel секторот за мобилни модеми, порад што е целосно способен да направи вакво нешто во своја изведба. Во секој случај, iPhone SE 4 би можел да биде еден од поинтересните модели на компанијата, особено ако се земе предвид растечкиот тренд на цените на iPhone, но и врвните модели од други компании.