Еден од директорите на Qualcomm случајно потврди на LinkedIn дека Nothing Phone (2) ќе го користи Snapdragon 8+ Gen 1 чипот. Тој брзо ја промени објавата, но штом се појави еднаш на интернет, никогаш не исчезнува
Иако за смартфонот многу се зборуваше откако беше пуштен на пазарот во јули минатата година, Nothing Phone (1) многумина веќе го заборавија. Причината за тоа се веројатно просечните спецификации и силната конкуренција во тој сегмент, но и одредени проблеми кои го снашле овој мобилен телефон на самиот почеток на продажбата.
Но, се чини дека Nothing го подготвува својот нов паметен телефон, Phone (2), кој ќе ги покренува минатогодишниот флегшип чипсет Snapdragon 8+ Gen 1. Оваа информација на LinkedIn ја потврди еден од менаџерите на Qualcomm, Алекс Катузијан, иако тоа не му беше дозволено.
„Честитки до Карл Пеи и тимот на Nothing за лансирањето на Phone (2) sa Snapdragon 8+ Gen 1. Очекувам уште многу соработки“, напиша Катузијан на LinkedIn.
Изворната објава е преработена и сега наведува дека Nothing Phone (2) ќе се напојува со чипсет од Snapdragon 8 серијата. Во секој случај, новиот телефон на Nothing би можел добро да се вклопи во категоријата „убиец на флегшипи“, во зависност од неговата цена.