Десктоп верзијата на видео сервисот YouTube сè уште ги прикажува таканаречените „overlay реклами“, но тоа наскоро ќе се промени.
Како што сугерира нивното име, рекламите се појавуваат преку видеото на неговиот долен дел, односно на работ. Многу корисници ова го сметаат за прилично здодевно, а очигледно тоа го мислат и во YouTube. Затоа, overlay рекламите наскоро ќе станат минато.
Од YouTube потврдија дека од 6 април, овој тип на реклами повеќе нема да им се прикажува на корисниците, ниту ќе биде достапен како опција во YouTube Studio. Сепак, видео сервисот очекува влијанието да биде ограничено бидејќи овие реклами ќе бидат заменети со некои од друг формат.
Overlay рекламите некогаш се појавуваа и на мобилната верзија на YouTube, но веќе одамна се минато.
Сè уште не е познато каков формат на реклами ќе ги замени сегашните, но се верува дека фокусот ќе биде на pre, mid и post-troll рекламите.