Американската вселенска агенција NASA откри нов астероид со големина на олимписки базен, кој би требало да помине блиску до Земјата во 2046 година.
Станува збор за астероид по име 2023 DW со пречник од 50 метри, кој има шанса од околу 1:600 да се судри со Земјата. Затоа НАСА внимателно го следиж, бидејќи, иако шансите за удар се многу мали, потенцијалните последици би биле значајни доколку тоа се случи.
Астероидот е откриен на 27 февруари годинава, неговиот дијаметар е околу 50 метри, а неговата големина одговара на олимписки базен. Се очекува да помине многу блиску до Земјата на 14 февруари 2046 година.
На 8 март, Европската вселенска агенција (ESA) точно процени дека шансата астероидот директно да удри во Земјата е 1:625, но овие проценки секојдневно се ажурираат.
Астероидот 2023 DW не би удрил во Земјата со силата што ги уништила диносаурусите пред 66 милиони години, бидејќи тој астероид бил со дијаметар од неколку километри.
Во моментов нема официјални узбуни или предупредувања поради астероидот, но тој ќе продолжи да се следи во случај ситуацијата да се промени. Агенцијата ја потсети јавноста дека постојано ги следи астероидите и работи на подобрување на своите способности за откривање.
Откривањето на нови астероиди нѐ потсетува на важноста од нивно континуирано следење и напори за проучување. NASA со години активно ги проучува астероидите и другите вселенски отпадоци и досега има направено бројни откритија кои им помогнале на научниците подобро да го разберат Сончевиот Систем и заканата што ја претставува за Земјата.
NASA исто така развива технологија за отклонување или уништување на астероидите доколку претставуваат закана за Земјата.