Пред околу еден месец Google го објави првиот поглед на Android 14. Вчера американската компанија го објави вториот Developer Preview.
Новото издание се фокусира на подобрување на приватноста, безбедноста и перформансите и продолжува да го усовршува корисничкото искуство на таблети уредите и уредите со екран на преклопување. Android 14 Developer Preview 2 пристигнува со интегрирана поддршка за дозволување на апликациите да пристапуваат само до избраните фотографии и видеа, да пристапуваат до сите или воопшто да не дозволуваат пристап. Еве тоа како изгледа.
Дополнително, ова издание носи подобрен стил на интерфејсот во некои области, заедно со промени во API врз основа на повратните информации од Developer Preview 1.
Апликациите наменети за Android 14 ќе треба да побараат специјална дозвола за извршување активност во поднина.
Developer Preview 2 доаѓа и со оптимизации на системот за управување со Android меморијата, што го подобрува искористувањето на ресурсите додека апликациите работат во позадина. Ќе има и помалку известувања што не можат да се отфрлат, а подобрени се и API за продавниците за апликации.
Со регионалните поставки, кога вашиот уред ќе го добие Android 14, ќе можете да ги персонализирате температурните единици, првиот ден во седмицата и системот за нумерирање, врз основа на единиците во вашиот регион. Значи, ако сте на пр. Европеец кој живее во Соединетите Американски Држави, повеќе нема да треба да користите Фаренхајт за преглед на температурата.
По овој Developer Preview, првата бета верзија на Android 14 ќе пристигне следниот месец, проследено со уште три бета ажурирања во петтиот, шестиот и седмиот месец од тековната година. Стабилното ажурирање на Android 14 на Google Pixel телефоните се очекува да започне да пристигнува во осмиот или деветтиот месец.