Најпопуларниот четбот наскоро би требало да добие нова верзија која ќе може да креира видеа врз основа на записи во текст.
По претставувањето на четботот ChatGPT на крајот на ноември минатата година, започна трката за вештачка интелигенција меѓу бројни технолошки компании. Првите конкретни чекори ги презедоа Microsoft и Google, но и Snap, а многу компании нагласија дека развојot на вештачка интелигенција, односно производи базирани на вештачка интелигенција, ќе им биде приоритет.
ChatGPT создаде вистинска дисрупација на пазарот и како што нагласи Андреас Браун, главен технолошки директор на Microsoft во Германија за време на гостувањето на конференцијата оваа недела, уште овој месец можеме да очекуваме нова верзија на овој чат-бот со вештачка интелигенција.
Сегашната верзија која ги воодушеви сите со своите можности е базирана на моделот GPT-3.5, додека новата верзија ќе се базира на уште понапредниот модел GPT-4. Таа верзија, нагласи Браун, ќе има мултимодални модели и ќе овозможува „целосно поинакви можности“, вклучувајќи и – видео. Значи, она што можеме да го очекуваме од вештачката интелигенција е дека, врз основа на прашањата на корисниците, ќе може да создава не само текстуална содржина, туку и видеа, но само во пракса треба да видиме како ќе изгледа тој чет-бот и какви способности ќе има. Она што е јасно и што го нагласи Браун е дека ќе биде „значително подобар“.
Како што нагласуваат на страницата Digital Trends, ова нема да биде првата алатка за вештачка интелигенција која може да креира видеа врз основа на текстуални инструкции. Имено, ваква алатка минатата година претстави Meta. Make-A-Video може да направи прилично реалистични видеа врз основа на кратки текстуални записи, така што истото можеме да го очекуваме и од надградениот OpenAI chatbot.
Пред неколку години Microsoft инвестираше во OpenAI, компанијата која го разви ChatGPT, а неодамна вложија дополнителни 10 милијарди долари. Колку овие компании се поврзани најдобро говори податокот дека ChatGPT-4 беше најавен на настанот организиран од Microsoft. Да потсетиме Microsoft на почетокот на годината претстави верзија на својот пребарувач Bing кој исто така се базира на ChatGPT, додека nivniot веб-прелистувач Edge доби некои опции за вештачка интелигенција. Тие најавија и дека ќе имплементираат вештачка интелигенција и во други производи, вклучително и во популарните Office алатки.