По неколку инсајдерски информации и примероци од камерата, Huawei P60 и Huawei Mate X3 ќе бидат официјално претставени во Пекинг за точно десет дена.
Премиерата на Huawei P60 и Mate X3 е закажана за 23 март во 14:30 часот по локално време, а покрај овие два флегшип модели, Huawei сигурно планира да претстави уште новитети.
Официјалната објава на Huawei во Weibo не открива никакви дополнителни детали, но можеме да очекуваме нови тизери да се појавуваат почесто, како што се приближуваме до датумот на настанот. Врз основа на најновите гласини, серијата Huawei P60 ќе се состои од најмалку два уреди – стандардниот Huawei P60 и P60 Pro моделот.
Huawei P60 Pro треба да донесе неколку камера модули од 50 MP со главниот сензор Sony IMX888 за главната и сензоот IMX858 за ултрашироката камера. За телефото камерата со оптички зум 3,5x се грижи сензорот OmniVision OV64B од 64 MP. Стандардниот модел Huawei P60 треба да доаѓа со главна камера од 52 MP (IMX789) заедно со ултраширок модул од 50 MP (IMX858) и телефото камера од 16 MP (IMX351). Двата смартфони треба да го користат Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 чипсетот, во неговата 4G верзија.
Што се однесува до Mate X3 – новиот модел со флексибилен екран се очекува да донесе сателитски комуникациски можности од следната генерација, а за разлика од системот на Apple, корисниците на Huawei ќе можат да испраќаат и примаат текстуални и гласовни пораки преку сателит.
Останува да видиме дали Huawei ќе го промени својот систем на преклопување на телефоните, кои се отвораат однадвор, а не како повеќето останати, од внатрешната страна.