Apple бара начин да им помогне на луѓето со здравствени проблеми. Овој пат во центарот на вниманието се безжичните слушалки AirPods и луѓето со проблеми со слухот.
Уредите на Apple се повеќе добиваат напредни функции насочени кон помагање во зачувување на одредени здравствени функции. Како што веќе знаете Apple Watch е многу моќен уред со бројни функции за здравствена помош.
Носечките паметни уреди можат да ги спасат корисниците во различни ситуации благодарение на напредните способности како што се откривање пад, детекција на судир, следење на срцевата работа и рани предупредувања за дисфункција на срцевиот мускул. На ред дојдоа и слушалките AirPods како помош за луѓето со оштетен слух.
Компанијата од Купертино постојано бара начини да ја прошири листата на функции кои помагаат да се одржи доброто здравје на своите корисници. Моментно се разгледува можноста AirPods слушалките да може да послужат како слушно помагало за лицата со оштетен слух.
Според аналитичарите, функциите поврзани со здравјето се повеќе ќе се користат на уредите на Apple во наредните години.
Apple AirPods како замена за слушен апарат?
Најновиот извештај што го објави Bloomberg, говори во прилог на фактот дека Apple ги забрзал напорите да ја прошири листата на функции за здравствена помош на различни уреди.
Apple Watch е совршен пример за таков уред. Минатата година, Apple Watch 8 претстави сензор за температура што може да ја следи температурата на вашето тело додека спиете и функција за следење циклус. Отсега па натаму, AirPods би можеле да играат витална улога во помагањето на корисниците со оштетен слух.
Имајте на ум дека ова не е прв пат Apple да размислува за користење на AirPods слушалките како алатка за функции за здравствена помош. Постојат додатоци кои веќе се испорачуваат, како што е функцијата Conversation Boost на моделот AirPods Pro, која им овозможува на корисниците активно да ја слушаат околината без никаков напор.
Сепак, уредите на Apple сè уште официјално не ги заменија слушните помагала и ќе биде потребно време и понатамошен развој на технологијата. Покрај тоа, со цел оваа функција на слушалките да ги замени конвенционалните слушни помагала, Apple мора прво да добие одобрение за технологијата од американската FDA.
Сè на сè, Apple би можел да отвори сосема нов сегмент на уреди со листа на функции кои дополнително ќе ја зголемат продажбата.
Дополнително, актуелните верзии на AirPods веќе доаѓаат со потребната технологија и доколку Apple смета дека е соодветно, може да овозможи функцијата да работи на ист начин како слушно помагало користејќи само ажурирање на софтверот.
Без оглед на тоа, деталите за плановите на Apple се во рана фаза и Bloomberg известува дека Apple би можел целосно да ја потврди и лансира оваа технологија на потрошувачкиот пазар за една година или две.