Apple продолжува со напорите за вградување на Face ID под екранот, како и враќање на Touch ID. Сега, новите податоци покажуваат дека овие технологии се уште се далеку од реализација.
Најпрвин, аналитичарот Рос Јанг вели дека Apple е принуден да ги одложи своите планови за Face ID под екранот најмалку за една година. Тоа би значело дека дебито ќе биде околу 2025 година. Доцнењето е поради проблеми со сензорите.
iPhone 18 Pro (2026) according to @DSCCRoss and The Elec.#iPhone pic.twitter.com/jvGDq0NL84
— Filip Vabroušek (@filipvabrousek) March 9, 2023
Што се однесува до враќањето на Touch ID под панелот, Apple изгледа постигнал напредок. Меѓутоа, тајмингот изгледа застрашувачки, бидејќи технологијата би можела да биде претставена две до три години откако Face ID ќе се пресели под екранот.
Сепак, компанијата подготвува понапредни функционалности, бидејќи ќе бидат комбинирани инфрацрвените и оптичките сензори. Ова може да овозможи и известување на некои здравствени показатели.