Nokia на неодамна одржаниот Мобилен конгрес во Барселона претстави два нови паметни телефони а моделот Magic Max ќе им конкурира на другите флегшип уреди на пазарот.
Откако е во сопственост на HMD Global, Nokia е присутна на пазарот со Android мобилни телефони од средна класа, минатиот месец го промени логото, а на MWC 2023 саемор најави два нови смартфони C99 и Magic Max.
Сепак, посебно внимание привлекува Magic Max, кој ќе го покренува Snapdragon 8 Gen 2 чипсет поврзан со 8, 12 или 16 GB RAM или 256 или 512 GB простор за складирање. Ќе го користи оперативниот систем Android 13, а се очекува да има 6,7-инчен AMOLED екран со брзина на освежување од 120Hz.
На задната страна ќе има три камери, главна од 144 MP, ултрашироката од 64 MP и телефото сензор од 48 MP. Уредот би требало да се напојува од батерија со капацитет од 7.950 mAh, која за кратко време ќе се полни преку брз полнач од 180 W.
Почетната цена на моделот Magic Max ќе изнесува околу 550 долари, што ќе биде предност во однос на другите флегшип модели кои чинат најмалку 800 или 900 долари.
Се уште не е познат точниот датум на пристигнување на пазарот на споменатиот смартфон, но се очекува наскоро.