Apple ги популаризираше преносните уреди за следење преку моделот AirTag. Во овој поглед, другите производители треба да ја досригнат компанијата, бидејќи сè уште нема такво популарно решение.
Што се однесува до Samsung, Јужнокорејците го објавија својот прв Galaxy SmartTag пред околу две години. Сега има индикации дека компанијата се подготвува за нова верзија на уредот.
Според SamMobile, втората генерација на Galaxy SmartTag ќе се појави во третиот квартал од оваа година. Засега не е јасно какви ќе бидат подобрувањата, но можно е најавата да биде заедно со следните модели на уредите за носење на компанијата, Galaxy Buds3 и Watch6.