Незаменливите колекционерски токени заапишани на блокчејн помалку од една година би можеa да се интегрираат во кориснички профили, пораки и слично. Но, повеќе не се во фокусот на големите социјални мрежи
Шефот за е-трговија и финансиско работење на Meta, Стефан Касриел објави дека компанијата ќе се откаже од поддршката за NFT. Колекционерските токени може да се користат како профилни фотографии или да се споделуваат на Facebook и Instagram од средината на минатата година, но се чини дека таа опција не го привлече интересот на доволно корисници.
Касриел вели дека Meta отсега повеќе ќе се фокусира на технологиите кои ги гледаат како приоритет, т.е. дека ќе го зголеми својот фокус само на некои од нив. NFT не се во фокусот, а Facebook и Instagram ќе најдат нови начини да ги поддржат своите приватни и деловни корисници и креатори на содржини. Меѓу другите начини за заработка на овие платформи, тој ја истакна монетизацијата на содржината, на пример во кратки видеа (Reels).
Some product news: across the company, we're looking closely at what we prioritize to increase our focus. We’re winding down digital collectibles (NFTs) for now to focus on other ways to support creators, people, and businesses. 🧵[1/5]
— Stephane Kasriel (@skasriel) March 13, 2023
Услугата Meta Pay во иднина дополнително ќе се развива, ќе ги олесни дигиталните плаќања, а ќе овозможи и трансфер на пари до контакти преку пораки на сите Meta платформи. Според тоа, NFT никогаш не се појавија како начин за заработка на содржината, тие не станаа популарни дури ни како профилни фотографии, па Мета реши по неколку месеци пробен период, да го затвори тоа поглавје.
Светскиот пазар на NFT процвета во текот на 2020 година, високата активност продолжи во дел од 2021 година, по што интересот на купувачите падна за околу 90 проценти.