И покрај ветувањето на компанијата дека нивниот јаглероден отпечаток ќе биде негативен до 2030 година, емисиите се во пораст и Microsoft се свртува кон Running Tide за да надомести дел од емисиите преку океаните.
Според последниот извештај за одржливост на Microsoft, eмисиите на јаглерод на компанијата се зголемиле за 21,5 проценти од 2020 до 2021 година, што се поврзува со развојот на центрите за податоци и на зголемениот број корисници кои ги користат нивните производи.
Со оглед на тоа дека имаат уште седум години да ја постигнат зацртаната цел за негативен јаглероден отпечаток, компанијата се сврте кон Running Tide, а бизнисот се проценува на неколку милиони долари, пренесува TechCrunch.
Running Tide планира да го направи тоа со одгледување големи количини на алги на биоразградливи пловци, со намера алгите на крајот да потонат на дното на океанот. Процесот се темели на алкални минерали што се раствораат, намалувајќи ја киселоста на океаните и отстранувајќи го јаглеродот.