Xiaomi во октомври ја претстави својата нова Redmi Note 12 серија смартфони во Кина, а на почетокот на годината смартфоните беа најавени и во Индија. Сега е време за меѓународното деби на новата генерација, кое е закажано за 23 март.
Во Кина првично видовме четири модели – Redmi Note 12, 12 Pro, 12 Pro+ и 12 Discovery Edition. Потоа, се појави и 12 Pro Speed Edition. Секако, останува да видиме кој од овие модели ќе биде достапен во Европа.
Потсетуваме дека двете Pro верзии имаат речиси идентични параметри. Ова вклучува OLED екран со дијагонала од 6,67 инчи, Full HD+ резолуција и брзина на освежување од 120 херци. Тие се базираат на чипсетот Dimensity 1080 во комбинација со до 12GB RAM и 256 GB складирање фајлови што не може да се прошири.
Brace yourselves for the #RedmiNote12Series! This launch is going to be so out-of-this-world amazing, you'll need a space shuttle just to catch up!
Join our live updates on March 23rd at 23:00 (GMT+8) and see what we're talking about! #LiveVivid pic.twitter.com/SgsjJUbMJo
— Xiaomi (@Xiaomi) March 13, 2023
Redmi Note 12 Pro+ е првиот Redmi модел со сензор од 200MP, кој во овој случај е Samsung ISCOELL HPX. Со него е можно стандардно да се прават фотографии од 12,5 MP, но и во 50MP и 200MP. Поддржано е снимање видео во 4K резолуција, ограничување поради чипсетот.
Redmi Note 12 Pro се базира на сензор од 50 MP Sony IMX766 со оптичка стабилизација. Дополнително, двата телефони имаат уште 8MP со ултраширокоаголен објектив и 2MP за бока ефекти. За селфи фотографии, тој се потпира на сензор од 16 MP.
Моделите имаат и батерија со капацитет од 5000 mAh и полнење до 67, односно 120 вати. Софтверски, работи на Android 12 со MIUI 13. Телефоните имаат и приклучок за слушалки.