Во изминатите месеци, па дури и години се појавуваа податоци за првиот очекуван смартфон на Google со екран на преклопување – Pixel Fold. Сега, новите информации од германскиот новинар Роланд Квант укажуваат на тоа дека уредот би можел да се појави во втората недела на месец јуни.
Дополнително, според него, основната мемориска конфигурација на уредот ќе биде 256 GB за фајлови, а опциите за боја ќе бидат црна и бела. Неговата очекувана цена е 1700 евра, што не е воопшто малку.
Сосема е веројатно дека Google ќе го претстави уредот за време на својата I/O конференција за програмери закажана за 10 мај. Претходните гласини сугерираа дека телефонот ќе има надворешен екран од 5,79 инчи и главен екран со дијагонала од 7,69 инчи.
Флексибилниот уред на Google најверојатно ќе го користи чипсетот Tensor.