Дали Sony ќе го претстави PlayStation 5 Pro, по примерот на PlayStation 4 Pro?
Откако оваа недела се појавија гласини за сосема новата генерација на гејмерската конзола на Sony – PlayStation 6, овие денови се појавија и шпекулации дека јапонската компанија планира надградена верзија на PlayStation 5. Според оваа информација, развојот на PlayStation 5 Pro е веќе во тек и може да го очекуваме на пазарот на крајот на следната година, додека PS 6 не треба да се очекува пред 2028 година.
Но, тоа не е сè што подготвува Sony, а веќе годинава во продажба би требало да се појави верзија на конзолата со одвоен диск, а производството на таква верзија наводно би било поевтино.
Што се однесува до PS 5 Pro, доколку оваа верзија на конзолата навистина излезе во продажба, никој не треба да биде изненаден. Имено, три години откако Sony го претстави PlayStation 4, на пазарот се појави верзија на PS4 Pro со посилен хардвер. Доколку информациите за Pro верзијата на „петката“ се вистинити, таа би се појавила на пазарот четири години по моделот PS 5, но изминатиов период сепак беше одбележан со недостиг на чипови, па плановите и претходните датуми на производство веројатно беа нарушени.
Доколку Pro верзијата излезе во продажба, ќе биде интересно да се види која ќе биде нејзината цена или дали класичниот PS 5 ќе поевтини со пристигнувањето на моделот Pro. Кога Sony го претстави PlayStation 4 Pro, неговата цена изнесуваше 400 долари, што е идентично со цената на обичниот PS4 кога беше претставен, но таа цена оттогаш е намалена на 300 долари.
Дали истата ситуација ќе се повтори и сега, со PS 5 (се разбира, под услов Sony навистина да ја претстави Pro верзијата), не е познато, а со оглед на моментната состојба на пазарот и постојаните поскапувања, нема да бидеме изненадени ако цената на „петката“ остане иста, додека Pro моделот би бил уште поскап. Во извештаите кои се достапни онлајн не се спомнуваат какви нови опции би можела да има Pro верзијата, но јасно е дека можеме да очекуваме помоќен хардвер, уште подобра графика, и веројатно некаква промена во дизајнот на самата конзола, односно можеби ќе биде потенка.